Во Солунското пристаниште заглавени 120.000 тони товар за Македонија

07.02.2017 12:19

На Солунското пристаниште до утре ќе се соберат околу 120 илјади тони товар за земјава, кој не може да биде транспортиран до крајната дестинација поради блокадите на автопатите и на граничните премини.

Протестите на грчките земјоделци и блокадата на граничниот премин Евзони – Богородица предизвикуваа штети за македонската економија. Освен зголемените трошоци за транспортерите, и компаниите увознички имаат проблеми.

На Солунското пристаниште до утре ќе се соберат околу 120 илјади тони товар за земјава, кој не може да биде транспортиран до крајната дестинација поради блокадите на автопатите и на граничните премини.

Во Солун се заглавени најразлични производи, никел, јаглен, челик за домашната индустрија. Од солунското пристаниште стравуваат дека поради честите блокади, нивните клиенти ќе се преориентираат кон другите влезни точки за балканот.