АВРМ: Обуки за побарувани занимања на пазарот на труд
Агенцијата за вработување ќе спроведува обуки на лица до 29 години за побарувани занимања на пазарот на труд. 220 активни баратели на работа, може да аплицираат на повикот.

Службеници, книговодители, масер, негователи на стари лица... Агенцијата за вработување ќе спроведува обуки на лица до 29 години за побарувани занимања на пазарот на труд. 220 активни баратели на работа, може да аплицираат на повикот. Ќе се имплементираат со финансиска поддршка од 205 илјади евра, средства од Европските фондови.
Обуките ќе траат четири месеци и за времетраење на обуката учесниците ќе добиваат месечен надомест од 6.261 денар со вклучен персонален данок на доход и осигурување во случај на несреќа при работа и професионално заболување. Сертификатот што ќе го добијат ќе може да го користат, како во Македонија така и во странство.
Директорот на АВРМ, Влатко Попоски истакна преку овој проект досега се обучени вкупно 2,256 лица од кои 41 процент се вработени. Најави дека ќе следат и дополнителни 10 обуки за занимања за кои ќе се покаже потреба од истражувањето на пазарот на трудот.
Главната цел на оваа мерка е подобрена перспектива за вработување на младите, согласно потребите на пазарот на трудот, а воедно и намалување на невработеноста кај младите.
