Преполни автобуси, но и густ сообраќај

07.02.2017 15:36

Чисти бели дробови, ама и исти навики. Скопјани тешко се откажуваат од автомобилите. На првиот ден по мерката за бесплатен јавен превоз на Град Скопје, метеж и од автобуси и од автомобили. Статистките на контролорите на ЈСП ќе ја мерат успешноста на мерката.

Преполни автобуси, но и густ сообраќај на првиот ден од примената на мерката бесплатен превоз. Иако новата мерка требаше да ги стимулира возачите да ги остават автомобилите дома сепак камерата на МТВ регистрира голем број на возила. Благ пад на работата забележаа дел од таксистите кои велат дека денеска подолго чекаат за да дојдат до клиент.

Ова утро патниците немаат обврска да ги валидираат картичките а со тоа и Јавното сообраќајно претпријатие нема бројка на превезени патници, велат дека нема забележлива промена.

Ако загаденоста на воздухот ја мери свеста за почист воздух, тогаш не сме на добар пат. Утрово мерните станици покажуваа повторно алармантни бројки. Најзагадено во 8 часот беше во Гази Баба кај Ректорат Карпош и Лисиче. Граѓаните поделени во мислењата дали е ова доволна активност за аерозагадувањето.

И екипите на ЈП „Комунална хигиена“ започнаa со спроведување на мерките, во текот на изминатата ноќ и денешниов ден со пет автоцистерни се врши машинско миење на поголемите улици и булевари во Градот. Вкупно 215 работници работат на расчистување на остатоците од снегот и мразот.

Дијана Ценевска