Екологисти: Итни мерки за спречување на аерозагадувањето
Невладините со план за управување со загадувањето на амбиенталниот воздух. Велат, за да се справиме со проблемот со аерозагадувањето е потребно да се опфатат сите сектори. Предлагаат, институциите да се ангажираат за спроведување на долгорочните мерки. Ја поздравуваат акцијата за бесплатен јавен превоз. Апелираат да се зголеми бројот на автобусите, но и да се воведат нови линии.

Воведувањето бесплатен градски превоз е добра мерка, но со тоа нема да се постигнат никакви резултати доколку целосно не се забрани движењето на автомобилите во централното градско подрачје, истакнаа екологистите. Според нив одговорност имаат и институциите на државата бидејки не работат на спроведување на долгопрошните мерки за намалување на загаденоста на амбиенталниот воздух.
Воведување на пар – непар возење, активност во три смени на еко инспекторатите во сите општини, посебно Скопје и апел до грѓаните за пријавување на прекршителите на препораките за користење на квалитетно огревно дрво се дел од итните мерки на екологистите.
Екологистите со укажување до политичарите загадениот воздух да не го користат за меѓупартиски пресметки и лични навреди бидејки здравата животна средина сепак зависи од сите нас и нашата свест.
Билјана Јанакиеска
