Одложено судењето против Панчевски
Во граѓанскиот суд – рочиште за судскиот процес против поранешниот претседател на скопска единица, Владимир Панчевски. Вработен го тужи за мобинг...

Судот ги задолжи бранителите на експретседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски, да достават писмен одговор на тужбата за мобинг што против него ја поднесе Горан Стаменковски. Одбраната на Панчевски инсистираше пред судот да даде усмен одговор на тужбата, но застапниците на Стаменковски побараа писменo, за да можат да се произнесат по неа. Пред судот тие доставија дополнителни докази за мобингот вршен врз нивниот клиент.
Бранителот на Панчевски, адвокатот Дангов, не сакаше да ја коментира одлуката на судот, но посочи дека Стаменковски прави злоупотреба на законот за мобинг.
На минатото рочиште Панчевски не се појави во судница. За МТВ тој изјави дека не добил покана. Според тужбата, Панчевски подолг временски период го прераспоредувал Стаменковски на други работни позиции и го казнувал, а тој морал и да исполни норма која, според поднесената тужба, не постои во праксата на судот.
Освен тужбата за мобинг, Стаменковски поднесол и две кривични пријави против Панчевски, за малтретирање во службата и за повреда на рамноправноста.
Фиљана Кока
