Продолжуваат протестите во Романија
Претседателот Клаус Јоханис во обраќањето пред Парламентот најави одржување референдум за владиниот предлог за решавање на корупцијата во земјата. Рече дека власта мора да го исполни ветувањето дадено на демонстрантите за одбрана на демократијата.

Околу половина милион романци продолжија да протестираат на улиците во Букурешт, барајќи колективна оставка од владата, и покрај повлечената уредба за корупција. Премиерот Гриндеану, инаку Социјалдемократ, не го промени ставот. Рече дека неговата влада има одговорност кон луѓето кои гласале за неа.
Претседателот Клаус Јоханис во обраќањето пред Парламентот најави одржување референдум за владиниот предлог за решавање на корупцијата во земјата. Рече дека власта мора да го исполни ветувањето дадено на демонстрантите за одбрана на демократијата.
„Се соочуваме со криза. Илјадници Романци протестираат на улиците. Првиот приоритет на владата не беше просперитетот на романскиот народ, туку нивната прва мисла беше да се решат криминалните случаи“, изјави Клаус Јоханис, претседател на Романија.
Јоханис ги поздрави демонстрантите кои дошле со своите семејства да ја одбранат романската демократија. Тој дополни дека отповикувањето на уредбата нема да ги задоволи бареањата на демонстрантите. Истовремено додаде дека предвремени избори би биле премногу за Романија во моментов и дека на земјата и е потребна цврста власт која транспарентно ќе си ја извршува задачата. На крајот Јоханис потенцира дека во случај кризата да потрае, ќе свика политички консултации.
Демонстрациите низ Романија се одршуваат континуирано од минатиот вторник по усвојувањето на контроверзната уредба за декриминализација на корупцијата, преку која како казнива беше штетата што изнесува над 44.000 евра.
Овие протести се сметаат за најголемиот изразено јавно несогласување по соборувањето на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску во 1989 година.
Марина Автовска
