Владата ќе одлучи дали ќе го продолжи рокот за привремено сместување на лицата чии домови беа поплавени

07.02.2017 15:56

На владина седница ќе се решава судбината на луѓето од поплавените региони, кои се уште се сместени во „Сениќ“ и „Партија Зографски“. Екипи на центарот за социјални работи ја чешлаат ситуацијата на терен, проверуваат дали има услови да се вратат во своите домови. За оние чиишто куќи претрпеа поголеми оштетувања, се размислува да им се продолжи престојот.

Владата решава дали ќе се продолжи рокот до кога раселените од поплавите треба да ги напуштат домовите „Томе Стефановски-Сениќ“ и „Партенија Зографски“, во кои живеат половина година. Министерството за труд и социјална политика испратило екипи на терен – треба да утврдат кои граѓани имаат, а кои немаат услови за враќање во своите домови.

За оние чиишто куќи се сѐ уште руинирани, ресорот ќе и предложи на владата да го пролонгира рокот за престој.

Дел од реселените велат дека немаат каде да се вратат, затоа што домовите им се целосно оштетени од поплавите.

Во домовите „Томе Стефановски-Сениќ“ и „Партенија Зографски“ вкупно живеат 125 луѓе.

 

Викторија Милевска