Жбогар: Политичките партии ќе решат каква коалиција или влада ќе формираат

07.02.2017 16:16

Европската унија апелира сите политички партии да ја поддржат ЕУ-агендата која ќе создаде силна влада.

Политичките партии ќе решат каква коалиција или каква влада ќе формираат, ова денеска го изјави евроамбасадорот Самуел Жбогар при посетата на Прилеп. Европската унија апелира сите политички партии да ја поддржат ЕУ-агендата која ќе создаде силна влада.

„Тоа што е во наш интерес е да се формира една силна коалиција во поширокиот контекст, во контекст на тоа без разлика дали партиите се на власт или опозиција, сите да дадат поддршка на реализација на ЕУ-агендата“, рече евроамбасадорот Жбогар.

Еврокомесарот Хан, кој ќе присуствува на состанокот на министрите за енергетика и за надворешни работи, ќе има билатерални состаноци со лидерите на политичките партии и со други чинители, истакна Жбогар.