Прилеп искористил десетици милиони евра европски пари
Со десетици милиони евра, Прилеп е меѓу првите во земјава по искористеност на пари од европските фондови за проекти кои го подобруваат животот на граѓаните. Во моментов е и најголемиот проект- изградба на пречистителна станица и канализациона мрежа, вреден преку 26 милиони евра од кои 21,5 милиони дала Еевропската унија. На овој начин унијата го промовира проектот „ЕУ за тебе“.

Водоводни и канализациони мрежи, уредување на речните корита, пречистителна станица. Прилеп за 10 години од европските фондови искористил десетици милиони евра за да ја подобри животната средина, но и животот на граѓаните.
Во моментов, се реализира најголемиот проект во земјава од заштитата на животната средина, финансиран од европските фондови- се градат 70 километри канализациона межа која ќе биде готова до август, а до крајот на годинава треба да заврши и изградбата на Пречистителната станица за отпадните води. Во вкупниот проект вреден преку 26 милиони евра, Унијата дала 21 и пол милион.
Евроамбасадорот Самуил Жбогар и германскиот амбасадор, Кристине Алтхаузер во Прилеп го промовираа проектот „ЕУ за тебе“. На градот во иднина на располагање му се многу средства од Унијата, а за заштита од климатските промени, може да користи и од германската влада.
Елизабета Митреска
