Бесплатни технички проекти за мини фарми

08.02.2017 10:11

Сточарите и овоштарите кои сакаат да изградат нови фарми или да ги прилагодат старите според европските стандарди можат да користат готови технички проекти за нивна изградба без парична надокнада. Овие проекти можат да се користат и за аплицирање за средствата од ипард програмата.

За прилогодување на македонското земјоделство и производството на храна според стандардите на Европската Унија е изготвена документација за типски мини фарми.

Сточарите ќе имаат на располагање бесплатни технички проекти со целосни пресметки за формата и за изгледот на идната или за реконструкција на постоечката фарма.

Документацијата може да се подигне во подрачните единици на Министерството за земјоделство.

Мини фармите ќе имаат капацитет за одгледување од 10 од 20 маторици, за 30 до 50 глави говеда и за 10,20 и 30 молзни крави.

За ситниот добиток се предвидени објекти од 100 до 300 овци или кози.

Целта е да се зголемат приходите на одгледувачите на добиток и подобри снабдувањето на пазарот со месо и млеко со приме на европските стандарди.

 

Методија Трајков