Шкотскиот парламент симболично гласаше против планот за Брегзит
08.02.2017 10:20
Тоа е симболичен, незадолжителен глас, кој ја нагласува поделеноста меѓу четирите нации на Обединетото Кралство на прашањето за Брегзит.

Шкотскиот парламент гласаше против планот на британската премиерка Тереза Меј за излез од ЕУ.
Тоа е симболичен, незадолжителен глас, кој ја нагласува поделеноста меѓу четирите нации на Обединетото Кралство на прашањето за Брегзит.
На ланскиот референдум, Англија и Велс решија да ја напуштат Европската Унија за разлика од Шкотска и Северна Ирска каде што повеќето граѓани беа против.
