Јолевски на состанок на министри за одбрана и за внатрешни работи во Виена

08.02.2017 10:23

Министерот Јолевски ќе говори на тема „Здружено менаџирање на предизвиците од миграциите“.

Македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски ќе учествува и ќе се обрати на заедничкиот состанок на министрите за одбрана и за внатрешни работи на Централно-европската одбранбена соработка и Салцбург форумот, како и земјите од Југоисточна Европа, кој ќе се одржи во Виена, Австрија.

Министерот Јолевски ќе говори на тема „Здружено менаџирање на предизвиците од миграциите“.

На заедничкиот состанок ќе учествуваат министри и заменици-министри за одбрана и за внатрешни работи на 14 земји.