ОМД бара разрешување на конгресменот Рорабакер

08.02.2017 10:28

Од ОМД и со апел до американскиот претседател Доналд Трамп да упати критика кон Рорабакер за неговите коментари, а американците со македонско потекло да ги контактираат нивните претставници и национални лидери со барање одговорност за конгресменот.

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) смета дека со крајно неодговорниот напад против Република Македонија и повикот за нејзина поделба, конгресменот Дана Рорабакер, Републикански претставник од Калифорнија, уште еднаш се посрамотил самиот, неговите гласачи и партијата.

Го повикува претседателот на Конгресот, Пол Рајан и лидерот на мнозинството во Конгресот, Кевин Мекарти итно да го отповикаат од функцијата претседател на поткомитетот во конгресот.

Од ОМД и со апел до американскиот претседател Доналд Трамп да упати критика кон Рорабакер за неговите коментари, а американците со македонско потекло да ги контактираат нивните претставници и национални лидери со барање одговорност за конгресменот.

Членовите на Конгресот не би требало да бидат иницијатори на конфликти на Балканот. Тие не би смееле да се поистоветуваат со етно-националните агенди застапувани од одредени балкански политичари. Македонија е суверена држава со постојани меѓународно признати обележани граници со сите свои соседи. Како таква, Македонија не припаѓа на Албанија, Бугарија, Косово, Грција, Србија или која било друга нација, односно држава, се вели во реакцијата од ОМД.