Евзони сѐ уште затворен

08.02.2017 10:31

Премините Дојран и Меџитлија на македонско-грчката граница се отворени...

Поради штрајк на грчките земјоделци граничниот премин Евзони сѐ уште е затворен за сообраќај. Премините Дојран и Меџитлија на македонско-грчката граница се отворени.

Минситерствата за економија и за финасии бараат решение како да се избегне нафтена криза. Осми ден 30 цистерни на ОКТА не можат да влезат во земјава од ниту еден граничен премин со Грција.

Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески напишал ургентни дописи до претседателот на Унијата на грчките трговско-индустриски комори Константин Михалос, како и  до амбасадорот и шеф на канцеларијата за врски на Република Грција во Македонија.