Стејт Департмент: Политиката на САД кон Македонија не е променета

08.02.2017 10:37

САД гo признаваат и го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Ова за Гласот на Америка на албански јазик го изјавил официјален претставник на Стејт Департментот во Вашингтон.

Политиката на САД кон Македонија не е променета, САД гo признаваат и го поддржуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија. Ова за Гласот на Америка на албански јазик го изјавил официјален претставник на Стејт Департментот во Вашингтон.

Овој став доаѓа по изјавата на американскиот конгресмен Дана Рорабахер, кој во интервју за телевизискиот канал „Визион плус“ зборуваше за поделба на Македонија.