Гутерес: Израелскиот закон за еврејските населби го прекршува меѓународното право
08.02.2017 11:01
Генералниот секретар на ОН изрази жалење дека со ова се загрозува процесот на наоѓање мирно решение за израелско-палестинскиот конфликт...

Според генералниот секретар на ОН Антонио Гутерес, новиот израелски закон за легализација на илегалните еврејски населби на палестинска територија на Западниот Брег го прекршува меѓународното право.
Изрази жалење дека со ова се загрозува процесот на наоѓање мирно решение за израелско-палестинскиот конфликт. За палестинските власти, новиот закон значи легализирање на кражба на територија.
Повеќето земји ја осудија одлуката на Кнесетот, но не и администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
