Почнаа преговорите меѓу колумбиската влада и герилците од ЕЛН

08.02.2017 12:03

Мануел Сантос имаше успешни преговори со бунтовниците од ФАРК и ја доби Нобеловата награда за мир. Герилците од ЕЛН се надеваат на сличен договор со кој би добиле шанса да формираат политичка партија доколку го предадат оружјето.

По неколку неуспшени обиди, владата на Колумбија ги почна преговорите со герилците од Војската за национално ослободување (ЕЛН) за да се оконча петдеценискиот конфликт во кој загинаа илјадници луѓе. Лани  претседателот Хуан

Мануел Сантос имаше успешни преговори со бунтовниците од ФАРК и ја доби Нобеловата награда за мир. Герилците од ЕЛН се надеваат на сличен договор со кој би добиле шанса да формираат политичка партија доколку го предадат оружјето.

За разлика од ФАРК кои бараат аграрна реформа, оваа група ги следи идеологијата на кубанската револуција и теологијата на ослободувањето, така што бара движење во католичката црква, но и котрола на домашните ресурси.