Нема повредени ниту мртви во земјотресот во Пакистан
08.02.2017 12:35
Пакистан лежи на сеизмички активно подрачје. Во 2013 година загинаа над сто луѓе во земјотресот што го поткрена морското дно ...

Потрес од 6,3 рихтери бил регистриран во Пакистан, но нема информации за повредени и жртви. Епицентарот на земјотресот бил 90 километри јужно од градот Турбат, во близина на крајбрежјето.
Пакистан лежи на сеизмички активно подрачје. Во 2013 година загинаа над сто луѓе во земјотресот што го поткрена морското дно и создаде мал остров во Арапското Море.
