Град Скопје: Од утре престанува мерката за бесплатен јавен превоз
Изутрината мерните станици во Скопје покажаа ниско ниво на загаденост со ПМ-10 честички. Поради тоа, од утре се укинуваат воведените мерки за бесплатен градски превоз и ослободуваењто од работа за вработените во Град Скопје и во јавните претпријатија на лицата со над 60-години со хронични болести, како и за бремените жени. Градот Скопје ќе продолжи со контролата...

Ниту помалку, ниту повеќе патници. Возачот на ЈСП, Љубиша Трајковски кој 30 години превезува патници вели дека не забележал промена по стапувањето на сила на новата мерка за бесплатно возење поради аерозагадувањето. Во исчекување на официјалните податоци од контролорите, луѓето кои со години се во оваа професија велат дека се изненадени што нема поголема побарувачка за услугите. На линијата 26, Трајковски вчера немал повеќе патници од вообичаено.
„Првиот ден не видовме голем ефект од тоа, немаше зголемување на бројот на патници во автобусите како што очекувавме. Дали е до неинформираноста на граѓаните, или до сончевото време кое не помилува, не знам. И утрово забалежав дека има намалување на возилата, но не е согласно очекувањата“, вели Љубиша Трајковски.
Граѓаните кои го користеа јавниот превоз очекуваат да порасне свеста и кај останатите сограѓани, зашто велат, сите се гушиме.
„Помага мерката, се возам... Само пензионери пак се возат, би требало да помогне мерката... Не сме до толку дисциплинирани, за жал“, велат граѓаните кои ги анкетиравме.
Надлежните се оптимисти. Очекуваат бројката на патници да расте во следните денови. Велат, Скопје е целосно покриено со автобуски линии.
Бесплатниот јавен превоз беше една од десеттината мерки кои ги донесе Град Скопје. Втора мерка што требаше да биде спроведена е мерката пар-непар, но поради потребата од законски измени, нејзиното спроведување се одложи.
Од Министерството за животна средина и просторно планирање поднеле и предлог кој вклучува промена на Законот за сообраќај.
Дијана Ценевска
