Јолевски: Македонија даде голем придонес во заштита на Европа, потребна е засилена соработка и интеграција во ЕУ
Министерот Јолевски во обраќањето се осврна и на следните чекори кои е потребно да се преземат со цел одржување на безбедноста и стабилноста на регионот и пошироко.

Македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски учествува на заедничкиот состанок на министрите за одбрана и за внатрешни работи на Централно-европската одбранбена соработка и Салцбург форумот, како и земјите од Југоисточна Европа, кој се одржува во Виена, Австрија.
Министерот Јолевски во обраќањето се осврна и на следните чекори кои е потребно да се преземат со цел одржување на безбедноста и стабилноста на регионот и пошироко.
Од Европската унија очекуваме интензивен ангажман и лидерство, истакнал македонскиот министер, додавајќи дека договорот ЕУ- Турција мора да се почитува, да се унапреди координацијата и размената на информации и податоци меѓу земјите на таканаречената „Балканска рута“ и дека треба да се забрзаат интегративните процеси на земјите од регионот во ЕУ и во НАТО.
На заедничкиот состанок учествуваат министри и заменици-министри за одбрана и за внатрешни работи на 14 земји.
