Продолжува блокадата на Евзони, грчките земјоделци се закануваат со блокада на Дојран и пругата во Идомени

08.02.2017 13:12

Грчките фармери се закануваат и со блокада и на пругата во Идомени, или граничниот премин Дојран, на Грчко-македонската граница.

Поради штрајк на грчките земјоделци граничниот премин Евзони сѐ уште е затворен за сообраќај. Бараат владата до утре да се изјасни за нивните барања, во спротивно најавуваат поголеми протести. Грчките фармери се закануваат и со блокада и на пругата во Идомени, или граничниот премин Дојран, на Грчко-македонската граница.

Министерствата за економија и за финасии бараат решение како да се избегне нафтената криза. Претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески напишал ургентни дописи до претседателот на унијата на грчките трговско-индустриски комори Константин Михалос, како и до амбасадорот и шеф на канцеларијата за врски на Република Грција во Македонија.

И Сојузот на синдикатите на Македонија  бара грчкиот амбасадор и синдикатите да се вклучат во решавање на блокадата на Евзони.