Бразил: Полицијата штрајкува, бандите убиваат

08.02.2017 13:17

Загинале 52 лица, а бандите пустошат по улиците оставајќи трупови зад себе.

Незадоволни од сегашната плата, бразилската полиција штрајкува во 30 града во земјата, одбивајќи да го спроведува законот и да ги штити граѓаните. Загинале 52 лица, а бандите пустошат по улиците оставајќи трупови зад себе.

Во сојузната држава Еспирито Санто се затворени болниците и училиштата. На барање на локалните власти, сојузните воени трупи почнаа да патролираат.