Почина морски лав во Зоолошката градина во Скопје
08.02.2017 14:35
Оттаму информираа дека сѐ уште не се знаат причините за смртта и дали е последица од ниските температури и неповолните временски услови.

Во скопската Зоолошка градина утрово почина еден од двата морски лава, кои пристигнаа од Загреб. Оттаму информираа дека сѐ уште не се знаат причините за смртта и дали е последица од ниските температури и неповолните временски услови.
Обдукцијата ќе се изврши на Факултетот за ветеринарна медицина.
Од Здружението за заштита на животните, „Анима Мунди“ повикаа сите кои ги сакаат животните да ги бојкотираат зоолошките градини.
