Романија: Владата го преживеа гласањето за недоверба
Барањето за изгласување го поднесе Десноцентристичката опозицијата, а за време на изјаснувањето пратениците од владејачката коалиција се воздржаа од гласање што беше доволно да не помине барањето на опозицијата.

Романската влада на Социјалдемократите го преживеа гласањето во националниот парламент. Барањето за изгласување го поднесе Десноцентристичката опозицијата, а за време на изјаснувањето пратениците од владејачката коалиција се воздржаа од гласање што беше доволно да не помине барањето на опозицијата.
Премиерот Сорин Гриндеану изјави дека неговиот кабинет има обврска кон народот, кој му искажал доверба за време на изборите.
„Имаме највисока поддршка уште од романската револуција, но исто така имаме и должност да го имплементираме она што е напишано во владината програма“, изјави премиерот Сорин Гриндеану.
Во барањето кое го потпишаа 123 пратеници било наведено дека романците не сакаат корумпираните политичари да бидат помилувани и заштитени од правдата.
„И покрај владината програма која што е приоритет, не смееме да ги игнорираме настаните што во последните денови се случуваат во нашата земја. Сметам дека романците имаат право да го искажат своето незадоволство кога чувствуваат потреба од тоа“, рече Гриндеану.
Со гласањето недоверба требаше да се обезбедат 233 гласа за да може владата да биде соборена во парламентот.
Марина Автовска
