ЗОИ Сочи

„Канибалот“ гладен за историја

06.02.2014 15:56

21 година на патеките, освоил се што може да се освои, најуспешен во историјата на светскиот куп во биатлон со повеќе од 90 победи, неверојатни 11 Олимписки медали( 6 златни,4 сребрени,1 брнзена). Што повеќе?

21 година на патеките, освоил се што може да се освои, најуспешен во историјата на светскиот куп во биатлон со повеќе од 90 победи, неверојатни 11 Олимписки медали( 6 златни,4 сребрени,1 брнзена). Што повеќе?

И покрај се Оле Еинар Бјорндален има цел. Да биде најуспешниот во историјата на зимските олимписки игри. Му недостасува само уште еден медал, да стигне до брајката 12, да се израмни со својот сонародник Бјорн Дели. И без тоа е најуспешниот во историјата на биатлонот, но и на 40 годишна возраст вели дека е гладен за победи, дека натпреварувањето нема смисла ако не се оди на победа, дека мрази да губи.

За надимакот „канибал“ , вели дека не е различен од другите, дека може да прифати дека некој е подобар, но и дека неговата цел е само една-победа.

Во Сочи Бјорндален атакува на последната цел. 12-ти медал на 6-тата своја олимпијада. Првата беше во Лилехамер 1994-тата, не освои медал, 4 години подоцна во Нагано 2 пати беше на подиумот со едно злато, Во Солт Лејк Сити 2002-та освои 4 медали, сите златни.Во Торино и Ванкувер додаде уште 5 медали, златен само во штафета. Во Сочи бојата на одличјето и не е толку важна за него, со било која ќе постави можеби недостижна цел , за многу идни генерации.

Можеби уште в сабота во спринтот на 10 километри. Негови најголеми конкутренти се сонародникот Свенсон и французинот Фуркад,лидерот во светскиот куп.

Брзината  на Оле не е спорна, испука ли добро?, се е можно.