Американски тенкови се стационираа во Летонија

09.02.2017 14:05

Учеството во заеднички вежби со војската на земјата-домаќин е дел од операцијата „Атлантска решителност“ на НАТО како одговор на зголемените тензии во балтичкиот регион.

Американските трупи од базата Форт Карсон во Колоради стигнаа во латвискиот камп Адази каде што ќе останат 9 месеци.

Учеството во заеднички вежби со војската на земјата-домаќин е дел од операцијата „Атлантска решителност“ на НАТО како одговор на зголемените тензии во балтичкиот регион.

Над 1000 војници од Чешка, Белгија, Франција, Германија, Хрватска, Луксембург, Холандија и Норвешка формираа мултинационален баталјон кој би дејствувал доколку Русија изведе нешто слично на анектирањето на Крим од 2014 година.