Поранешен лидер на Ал- Kаеда убиен во Сирија

09.02.2017 14:13

Според Пентагон, тој ја надгледувал работата на камповите за обука на борци во Авганистан и учествувал во основањето на египетскиот Исламски џихад...

Американската војска во сириската провинција Идлиб уби единаесет членови на Ал-Каеда, вклучувајќи го и поранешниот командант Абу Хани ал-Масри.

Според Пентагон, тој ја надгледувал работата на камповите за обука на борци во Авганистан и учествувал во основањето на египетскиот Исламски џихад, првата сунитска група, која во своите напади ангажираше бомбаши-самоубијци.