Хан: Нема време за губење, потебно е итно формирање влада
„Нема време за губење, потебно е итно формирање влада. Важно е новата влада да биде на широка основа“- порача европскиот дипломат Јоханес Хан на завршната прес-конференција по министерскиот состанок за енергетика. Работниот ден го почна со средба со премиерот Емил Димитриев. Попладнево се предвидени средби и со партиски лидери во земјава, но и со претставници на граѓанското општество.

Важно е новата влада да се формира на солидна и широка основа, изјави денеска еврокомесарот за проширување Јоханес Хан на прес-конференцијата по Министерскиот состанок за Западен Балкан што се одржа во македонското МНР.
Тој потенцира дека во Скопје е дојден да ги ислуша лидерите на политичките партии и дека неговата порака е оти земјата има постигнато многу, но оти следен чекор е формирање влада. Нагласи дека сите треба да бидат свесни за својата одговорност и интересите на државата.
Јас нема да давам никакви предлози. Крајната одлука треба да ја донесат политичарите во оваа земја и тоа е многу важно. Можеби резултатот од изборите го изненади некого, но сега треба да се формира влада, а демократските одлуки треба да ги почитуваат сите политички партии, изјави Хан.
Еврокомесарот Хан попладнево треба да се сретне со лидерите на политичките партии што се застапени во македонското Собрание, како и со претставници на граѓанското општество.
