СЈО: Повредена тајноста на предистражна постапка

09.02.2017 14:52

СЈО оценува дека е повредена тајноста на предистражната постапка за која во СВР Охрид биле повикани повеќе лица во својство на сведоци да дадат искази.

Специјалното јавно обвинителство оценува дека е повредена тајноста на предистражната постапка за која во СВР Охрид биле повикани повеќе лица во својство на сведоци да дадат искази.

Согласно кривичниот законик секој вид на влијание врз сведоците е кривично дело, а лицата кои се повикани како сведоци се должни да се јават на поканата и да помогнат со своите искази во утврдување на фактите за кои е поведена секоја предистражна или истражна постапка, се вели во соопштението.

Ова јавно обвинителство се оградува од секакви политички шпекулации, велат од СЈО, при што нагласуваат дека својата службена должност јавните обвинители во СЈО ја вршат согласно законот.