Поддршка за превод на нови 15 дела

09.02.2017 15:17

Нов конкурс за поддршка на преводи на дела од македонски автори за странски издавачи. Мерката се спроведува веќе три години и досега има поддржано 114 дела на 60 македонски автори. Сите се преведени на 21 странски јазик.

Ова е можност нашиот глас да се слушне преку границите- велат писателите, чиишто дела ќе бидат преведени и објавени од странски издавачи преку конкурсот на Министерството за култура за финасирање преводи. Според академик Влада Урошевиќ, ова е многу значајно за македонската култура во странство и е единствен пат од кој остануваат долговечни траги.

Од почетокот на 2014-та година Министерството за култура обезбедило поддршка за превод на 114 дела на 60 македонски автори. Преведени се на 21 странски јазик.

Според претседателот на комисијата, Нове Цветаноски, овој конкурс е капитален проект за меѓународна афирмација на македонската литература.

За реализација на оваа мерка, Министерството за култура обезбеди околу 200.000 евра.

Ана Јосифоска- Тодоровска