Ле Пен: За да опстане, ЕУ мора радикално да се смени
09.02.2017 15:21
Ултрадесничарката најави план за излез од Унијата по примерот на британскиот Брегзит, доколку Брисел не пренесе моќ во Париз.

За да опстане ЕУ, таа мора радикално да се смени, да го напушти авторитарниот карактер, зијави француската каднидатка за претседател од Националниот фронт, Марин ле Пен.
Ултрадесничарката најави план за излез од Унијата по примерот на британскиот Брегзит, доколку Брисел не пренесе моќ во Париз.
На прашањето дали напуштањето на Еврозоната би значело крај на еврото, Ле Пен одговори дека еврото не е валута, туку политичко оружје со кое Унијата ги тера луѓето да одат онаму каде што не сакаат.
