Во Прилеп отворен Инфо- кариерен центар
Прилеп доби Инфо- кариерен центар. Во него, младите од социјално ранливите категории ќе се обучуваат за соодветни работни вештини, ќе добијат пратична работа, но и отворена работна средина во бизнис секторот.

28 млади во Прилеп, од социјално загрозени семејства наредните месеци ќе се обучуваат за занимањата кои им лежат, а за кои има потреба пазарот на трудот и кои ќе им ги отворат вратите во бизнис секторот. 8 од нив ќе добијат и можност за практична работа. Сето ова е обврска на новоотворениот „Инфо кариерен центар“ во градот.
Активна ќе биде соработката со Центарот за социјални работи и со Агенцијата за вработување.
Градот поддржува вакви проекти за да се намали невработеноста.
Проектот е од ИПА фондовите, а Инфо- кариерниот центар со обуките ќе работи до септември.
Елизабета Митреска
