Германија бара побрза депортација за одбиените азиланти

10.02.2017 11:06

Лани во земјата биле поднесени над милион барања така што канцеларката Меркел заедно со гувернерите на 16 германски провинции одлучи да ги прифати само оние луѓе кои се во вонредна состојба.

Германската влада ќе ја забрза депортацијата на одбиените баратели на азил. Лани во земјата биле поднесени над милион барања така што канцеларката Меркел заедно со гувернерите на 16 германски провинции одлучи да ги прифати само оние луѓе кои се во вонредна состојба.

Планирано е и основање на национален центар за депортација и финансиска поддршка за сите кои дооброволно ќе си заминат.

Притисок ќе биде извршен врз земјите кои одбиваат да ги земат назад своите граѓани или кои би го попречиле процесот.