Москва: Повлекувањето на странските војници од Авганистан ќе има последици

10.02.2017 12:18

Авганистанските сили не се во состојба сами да се спротистават на вооружената опозиција која брои околу 15.000 екстремисти.

Специјалниот пратеник на рускиот претседател Путин за Авганистан, Замир Кабулов, предупреди дека повлекувањето на странските војски од Авганистан ќе има големи последици за воената состојба во државата.

Авганистанските сили не се во состојба сами да се спротистават на вооружената опозиција која брои околу 15.000 екстремисти.

Кабулов повтори дека Русија е подготвена за обнова на соработката со САД за постигнување заеднички цели во оваа земја.