Две лица настрадаа во снежното невреме во САД

10.02.2017 12:35

Прекината е и наставата во неколку училишта во Филаделфија и во Бостон. Поради снежната покривка од 30 сантиметри, сообраќајот е отежнат, а регистрирани се и неколку несреќи.

Две лица загинаа во снежното невреме што го парализираше североистокот на САД. Најпогодени се Њујорк, Конектикат, Роуд Ајленд, Масачусетс и Њу Џерси. Откажани се над 2.700 летови на аеродромот „Кенеди“ и уште на три аеродроми околу Големото јаболко.

Прекината е и наставата во неколку училишта во Филаделфија и во Бостон. Поради снежната покривка од 30 сантиметри, сообраќајот е отежнат, а регистрирани се и неколку несреќи.

Според проценките, невремето погодило над 60 милиони граѓани.