Затворен Евзони, два часа ќе биде затворен и Дојрани

10.02.2017 12:38

Од 12 до 14 часот се очекува да биде затворен и граничниот премин Дојрани на македонско-грчката граница, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија...

Поради штрајкот на грчките земјоделци сеуште за сообраќај е затворен граничниот премин Евзони, а од 12 до 14 часот се очекува да биде затворен и граничниот премин Дојрани на македонско-грчката граница, соопшти попладнево Авто мото сојузот на Македонија.

На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од патиштата низ државата, од 11:30 часот во прекин е сообраќајот на патниот правец Штип - Радовиш поради сообраќајна незгода.