Беслатно впишување имот во 31 катастарска општина
Програмата на Агенцијата за катастар за 2017-та предвидува бесплатно запишување на правото на сопственост во 31 катастарска општина.

Само 100.000 катастарски парцели имаат запишани права на сопственост во изминативе неколку години, остануваат повеќе од 300.000. Програмата на Агенцијата за катастар за 2017-та предвидува бесплатно запишување на правото на сопственост во 31 катастарска општина.
Ги повикуваме сите граѓани и правни лица кои поседуваат имот во катастарските општини опфатени со програмата да поднесат барање до надлежното одделение за катастар каде што се наоѓа нивната недвижност и да ја приложат целокупната документација со која располгаат, како пресуди, договори, акти на државни органи, наследни решенија, поседовни листови со што Катастарот ќе изврши бесплатно запишување на правата на сопственост, изјави директорот на Катастарот Славче Трпески.
Предвидените 31 катастарска општина за годинава се во надлежност на катастарските одделенија во Велес, Гостивар, Куманово, Македонски Брод, Свети Николе и Штип.
