Престојот на раселените од поплавите продолжен до 1-ви април

10.02.2017 13:22

Претходниот рок беше февруари, но Владата го продолжи, по реакциите од семејствата...

До први април е новиот рок што им го даде Владата на семејства кои настрадаа во ланските поплави, да се иселат од студентските домови, во кои се привремено сместени.

Од увидот на екипите на Центарот за социјална работа на Град Скопје и Гази Баба кај некои веќе се создадени услови и се уште ги користат просториите на Сениќ. Уште еднаш ќе отидам на терен со директорот на Центарот за социјална работа за да провериме ако постојат услови да не се злоупотребуваат институциите и луѓето да се вратат на своите места. Да дозволиме тие средства да се пренасочат онаку каде е потребно, изјави министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими.

Претходниот рок беше февруари, но Владата го продолжи, по реакциите од семејствата дека нема услови да се вратат во своите куќи.