ЗНМ: Пресудата од Стразбур повлекува одговорност
Ова е доказ дека институциите во државава потфрлија во исполнувањето на основната задача да ги штитат и промовираат човековите права, рече Селмани...

Пресудата на Европскиот суд за настаните од 24-ти декември 2012-та година, кога новинарите беа насилно избркани од галеријата на Собранието, е прва со која се утврдува повредата на правото на слобода на изразување и на фер судење, изјави претседателот на Здружението на новинарите на Македонија, Насер Селмани.
Одлуката е црвен картон за грешките на Собранието и на Уставниот суд, институции кои треба да бидат гаранти за заштита и промоција на човековите права, рече Селмани додавајќи дека во овој случај не смее да се заборави ниту одговорноста на полицијата која послужи како инструмент за кршење на човековите права.
Ова е доказ дека институциите во државава потфрлија во исполнувањето на основната задача да ги штитат и промовираат човековите права, па затоа ЗНМ, додаде Селмани, ќе побара одговорност од Уставниот суд, Собранието и од полицијата.
