Заостанатите сметки за вода ќе се плаќаат на рати без камата
Донесена одлука за ослободување од плаќање камата на сите оние кои имаат заостанат долг за вода. Мерката ќе важи 90 дена, а долгот може да се плати и на рати...

Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ - Скопје ги информира своите корисници дека е донесена одлука за ослободување од плаќање камата на сите оние кои имаат заостанат долг за вода. Мерката ќе важи 90 дена, а долгот може да се плати и на рати.
Одлуката за ослободување од камата на сите корисници вчера ја донесе Управниот одбор на претпријатието.
Можноста да се плати долгот без камата е со определено времетраење, во рок од 90 дена. Почнува од денеска и зависи од висината на долгот, главен долг и трошоци. Физички лица може да го исплатат долгот на 4, 6, 8, 10 или 12 рати, во зависност од висината на долгот, изјави директорот Александар Атанасов.
Граѓаните ако должат од 10 до 30 илјади денари ќе можат да го платат долгот без камата на максимум четири рати, а доколку должат од 50 до 70 илјади денари можат да платат без камата на максимум осум рати.
