Ердоган го ратификуваше проектот за уставни реформи

10.02.2017 14:12

По објавата во државниот весник, стартува 60-дневниот рок по што ќе биде организиран референдум.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го ратификуваше проектот за уставни реформи што ги одобри Парламентот минатиот месец со цел да се смени политичкиот систем на земјата.

По објавата во државниот весник, стартува 60-дневниот рок по што ќе биде организиран референдум.

Пакетот има 18 членови со кои претседателот добива проширување на извршните права. Две опозициски сили се изјаснија против мерките.