Франција: Антитерористичките единици уапсија тинејџерка за планирање на напад

10.02.2017 15:10

Доказ кој оди во прилог на истрагата се и пораките за џихад кои девојката ги објавувала на социјалните мрежи. Полицијата открила и домашна лабораторија за правење експлозив што беше употребен во нападите во Париз и во Брисел.

Француските антитерористички единици уапсиле четворица, меѓу кои и 16-годишно девојче за подготовки на терористички напад. Доказ кој оди во прилог на истрагата се и пораките за џихад кои девојката ги објавувала на социјалните мрежи. Полицијата открила и домашна лабораторија за правење експлозив што беше употребен во нападите во Париз и во Брисел.

„Се соочуваме со висок степен на опасност од тероризам, па поради тоа сме принудени постојано да преземаме чекори за да ги заштитиме нашите сограѓани. Ангажманот на безбедносните сили и разузнавачките агенции доведе до апсење на стотици луѓе од почетокот на минатата година“, изјави Бернар Казњев, министер за внатрешни работи.

Од 2015 година, во Франција загинаа најмалку 230 луѓе во напади извршени од поддржувачи на светата војна.