Курц во недела во посета на Македонија

10.02.2017 15:38

Себастијан Курц, в недела ќе престојува во работна посета на Република Македонија- информира македонското Министерство за надворешни работи.

Претседавачот со ОБСЕ за 2017-та година и министер за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц, в недела ќе престојува во работна посета на Република Македонија- информира македонското Министерство за надворешни работи.

Предвидена е средба со вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски, а двајцата, според најавата, ќе го посетат и граничниот Камен 59 на македонско-грчката граница.