Шчербак: Русија не се меша во внатрешните работи на Македонија, ги почитува принципите на сувереност и независност

10.02.2017 16:33

„Русија не се меша во внатрешните работи на Македонија, бидејќи ги почитува принципите на сувереност и на независност“- рече амбасадорот Олег Шчербак на одбележувањето на Денот на Руската дипломатија. Вели- граѓаните да одберат по кој пат ќе одат...

Не постојст такви разлики кои не е возможно да се надминат со посветен и употрен труд во духот на правичноста и одмереноста, принцип по кој се раководиме 150 години и ја градиме нашата надворешна политика и односи со сите земји, вклучувајќи ја и Македонија. Без почитувањето на тој принцип на меѓународното право во современиот свет е неможно да се почитуваат и принципите на сувереноста и независноста на другиот, рече на одбележувањето на празникот на Руската дипломатија, амбасадорот Олег Николајевич Шчербак.

„Русија не се меша во внатрешните работи на Македонија затоа што ги почитува принципите на сувереност и независност и затоа се противи кога некои надворешни замји се одлучуваат на тој потег. Граѓаните, кои имаат големо културно- историско ниво се тие кои треба да решаваат и да одберат по кој пат треба да одат. Само такви одлуки можат да придонесат за долгорочно и одржливо решение“, рече рускиот амбасадор во земјава,  Олег Шчербак.

Македонија зазема значајно место во основите на руската дипломатија. Во Битола повеќе децении функционираше Александар Ростковски, првиот императорски конзул на Балканот, дипломатот кој во 1903-та година загина од раката на османлиски војник бранејќи го локалното население.

„Тоа е историски пример како еден правичен, чесен и доблесен човек застана на страната на правдата и немоќното локално население“, рече градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

По указот од 2002-ра година потпишан од рускиот председател Владимир Путин, Денот на Руската дипломатија во континуитет се одбележува пред спомен- обележјето посветено на Ростковски. Денес се одбележа 114- годишнината од негово убиство.

Стевче Митревски