Евзони сѐ уште затворен, магла на патот Лисец - Попова Шапка
13.02.2017 08:26
Oстанатите два премина Меџитлија кај Битола и Дојран се отворени, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија. На патиштата низ државата нема забрани и сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози...
Граничниот премин Евзони на македонско-грчката граница сѐ уште е затворен за сообраќај, а останатите два премина Меџитлија кај Битола и Дојран се отворени, информира утрово Авто мото сојузот на Македонија.
На патиштата низ државата нема забрани и сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози. Магла со видливост од 50 до 100 метри има на патниот правец село Лисец - Попова Шапка и на планискиот превој Стража.
