САД, Јапонија и Јужна Кореја побараа вонредна седница за Северна Кореја
13.02.2017 10:19
Претставник на американското постојано претставништво во ОН изрази очекување дека Советот за безбедност ќе се состане денеска попладне по локално време.

САД, Јапонија и Јужна Кореја побараа вонредна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации поради тестирањето на балистичка ракета, што вчера го изврши Северна Кореја.
Претставник на американското постојано претставништво во ОН изрази очекување дека Советот за безбедност ќе се состане денеска попладне по локално време.
САД, Јапонија и Јужна Кореја изразија загриженост поради новата провокација на затворената комунистичка држава. Северна Кореја го оцени тестирањето како успешно.
