Курц: Имавте фер и слободни избори, на ред е одлуката на партиите
Многу е важно што сите партии го признаа резултатот од изборите, изјави австрискиот шеф на дипломатијата Себастијан Курц. На Австрија ѝ треба Република Македонија како стабилен партнер, изјави актуелниот претседавач со ОБСЕ.

Имавте фер и слободни избори, Австрија го почитува тоа, сега е на ред одлуката на партиите, како што и доликува на демократска држава. Многу е важно што сите партии го признаа резултатот од изборите, изјави австрискиот шеф на дипломатијата Себастијан Курц. На Австрија ѝ треба Република Македонија како стабилен партнер, изјави актуелниот претседавач со ОБСЕ.
„Не треба да се зборува за тоа што не фукционира туку да се зборува и за нешто добро. Може да кажам дека сум многу задоволен што се одржаа изборите што беа слободни, фер и демократски и дека сите партии го признаа резултатот од овие избори и за мене така функционира една демократија. Сега во моментов партиите треба да ги донесат одлуките што треба да се донесат по изборите“, изјви Курц.
Шефот на австриската дипломатија нагласи дека целта на Австрија е во Македонија и натаму да има силен партнер. Посакуваме стабилност во оваа земја и се надеваме дека реформите и европскиот курс и натаму ќе продолжат- истакна Курц.
