Седум децении постоење на Друштвото на писатели на Македонија

13.02.2017 11:05

Македонската писателска асоцијација има 540 членови, од кои 30 писатели членуваат повеќе од половина век.

Друштвото на писателите на Македонија денеска одбележува 70 години постоење. На денешен ден во 1947-ма година е формирано како професионално здружение на писателите од земјава. За прв претседател бил избран Блаже Конески.

Македонската писателска асоцијација има 540 членови, од кои 30 писатели членуваат повеќе од половина век.

Седумдеценискиот јубилеј друштвото на писатели ќе го прослави в четврток, со свечен собир на кој, меѓу другото, ќе бидат врачени и наградите за најдобри книжевни остварувања во 2016 година.