Економија

Воведување стандарди за повисок економски раст

06.02.2014 16:38

Примената на европските и меѓународните стандарди во работењето за компаниите ќе значи зголемени извоз и конкурентност, и подобри економски резултати...

Примената на европските и меѓународните стандарди во работењето за компаниите ќе значи зголемени извоз и конкурентност, и подобри економски резултати. Надлежните објаснуваат дека и покрај тоа што процесот на стандардизација е скап, и може да чини и 10-ици илјади евра, сепак ја отвора портата за зголемен надворешен пласман на македонските производи. 

„80 проценти од нашето производство оди за извоз. Прво нешто кое го бараат странските партнери е да имате производи изработени по меѓународно признаени стандарди, а второ, тоа да го докажете со сертификат“, изјави Велибор Ивановски, Раде Кончар – Контактори и релеи.
 
Новите технолошки достигнувања наметнуваат и нови стандарди, а сите земји треба да фатат чекор со нив.

„Зошто се важни стандардите? Пазарот е ЕУ има 650 милиони потрошувачи. Еден европски стандард важи за 33 земји, со што се елиминираат трговските бариери, се обезбедуваат поголема ефикасност и придобивки, а има и помал застој на производите“, објаснува Љупчо Давчев, директор на Институтот за стандардизација.
 
Македонија во последниов период е фокусирана на изработка на домашни страндарди, кои потоа би ги преточила во европски или меѓународни. Засега имаме пет национални стандарди, a уште три се во постапка на изработка.


Мартин Пушевски