Мексико: Околу 20.000 луѓе протестираа против Трамп

13.02.2017 11:19

Ги осудија и плановите на Трамп да изгради ѕид на границата меѓу САД и Мексико и поради зголемувањето на депортациите на имигранти од САД...

Околу 20.000 луѓе излегоа на улиците на Мексико Сити да го искажат своето незадоволство од претседателот на САД, Доналд Трамп.

Тие побараа почит кон нивната земја и нејзините емигранти, а ги осудија и плановите на Трамп да изгради ѕид на границата меѓу САД и Мексико и поради зголемувањето на депортациите на имигранти од САД.

Учесниците во акцијата изразија поддршка за мексиканците кои живеат во САД. Помали протестни маршови се одржаа и во други мексикански градови.